Епископот Делчевско-каменички Марко бил во посета на Неврокопската митрополија на БПЦ во Гоце Делчев. Епархијата објави дека средбата со надлежниот Митрополит Серафим е прва од ваков карактер помеѓу двете соседни епархии откако е интронизиран марко за Епископ Делчевско-каменички.
-Епископот г. Марко го покани Митрополит г. Серафим во блиска иднина да ја посети Делчевско-каменичката епархија, на заедничко сослужение. Меѓусебно искажаа големо задоволство и духовна радост бидејќи конечно, се реши повеќедеценискиот раскол и се воспостави толку посакуваното единство помеѓу МПЦ-ОА и Српската Православна Црква. Разговараа и за актуелниот проблем во современото живеење, огромното намалувањето на наталитетот помеѓу православното население. Главна причина за тоа е иселување на младите, стои во соопштението на епархијата.

