Ден на посветениот живот во Католичката црква во Скопје

Date:

Share post:

Католичката црква во Скопје, на 6 февруари 2016, во катедралата Пресвето Срце Исусово го прослави „Денот на посветениот живот“.

На настанот бил присутен Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх Киро Стојанов, заедно со претставничките на монашките заедници на сестрите Евхаристинки, сестри Усмиленки, сестри Мисионерки на љубовта и Движењето на фоколарите, свештениците на Скопската бискупија и богословите, пишува „католици.мк“.

Папата Јван Павле II во 1997 година одреди 2 февруари да биде ден посветен на Богопосветените лица. Католичката црква на овој ден свечено му благодари на Бога за големиот дар на посветениот живот на свештениците, монасите и монахињите, кои со своето посветување ја остваруваат Исусовата програма, со својата верност го зголемуваат сјајот на Евангелието, со жртвата и љубовта го објавуваат милосрдното лице на Отецот, а со заедништвото на братскиот живот најавуваат нова заедница на Светиот Дух.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img