Македонија го осуди терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд

Date:

Share post:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го осуди терористичкиот напад врз двете џамии во Крајстерч, во Нови Зеланд во кој загинаа 49 лица.

-Шокиран сум со сознанието за ужасниот терористички напад врз џамијата во Крајстерч.Се солидализираме со народот на Нов Зеланд против насилството и омразата. Наше најдлабоко сочуство, напиша Димитров, на социјалната мрежа Твитер.

Новозеландската полиција потврди дека во денешните два вооружени напади на џамиите во Крајстерч се убиени 49 лица, а повеќе од 20 се повредени. Полицијата кратко по нападот објави дека се уапсени четири лица, а дека едно од нив е идентификувано како државјанин на Австралија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img