Монахот кој сакаше се да знае

Date:

Share post:

Од поуката на денот:

Според легендата, на еден монах анѓелот му објаснил зошто на светот се случуваат трагедии, зло и несреќи и на тој начин го дал одговорот на познатото прашање „ Зошто Бог се тоа го дозволува“.

Се верува дека во прашање е вистинска приказна, а еве како сето тоа изгледало:

Еден монах веќе не знаел што да прави, бидејќи не бил во можност да ги разбере сите Божји одлуки. Смртта на децата, кражбите, болестите..

Во неговата немоќ му се јавил анѓел и тој му ја раскажал својата мака и го замолил да му објасни зошто на некои луѓе им се случуваат работи, иако не ги заслужиле.

За да подобро му објасни, за да не треба секогаш да се труди да разбере зошто Бог им дава различни судбини на различни луѓе, анѓелот го пратил на пат. И така монахот тргнал на тој пат.

На патувањето сретнал друг монах. Се упатиле на исто место, но за да не зборуваат бадијала, тие се обврзале на заветот на молчење се додека не стасаат до целта.

По извесно време, тие застанале кај една богата куќа за да побараат преноќиште. Влегле, а таму ги примиле родители на едно мало дете. Меѓутоа на запрепастување на монахот, другиот монах го заклал малото дете и заминале.

Монахот бил запрепастен од неверојатната постаока на другиот монах, но поради заветот за молчење, на кој се обврзале, ништо не кажал.

Следните ноќи на преноќување ги примило сиромашно семејство, но ги нагостиле како најблиски роднини. Се што имале им го понудиле на монасите. Во куќата имале само една вредна работа – скапоцен предмет. Другиот монах го украл и го фрлил во реката.

Монахот повторно бил разочаран, но поради заветот за молчење, повторно ништо не кажал.

Продолжиле со својот пат, кога наишле на урнатини од стара црква. Другиот монах пронашоил некои камења и почнал да фрла кон свеците.

На монахот пак не му било јасно како тоа се однесува еден монах, но почитта кон заветот го натерала да ги задржи мислите за себе.

Конечно, двајцат монаси стигнале на целта. Заветот на молчење престанал да важи и монахот почнал да да „фрла дрјва и камења“ по другиот монах.

-Каков си ти монах? Зошто ги направи сите овие злодела? Го уби малото дете! Им го украде на сиромасите единственото вредно нешто што го имаа! Ги маваше светците!.

Во тој момент, наместо чудниот монах, се појавил анѓелот со кој монахот разговарал и почнал да му објаснува.

„Тоа малото дете, кога ќе пораснеше ќе ги убиеше своите родители, а нивните недолжни души за тоа пред Божјиот суд ќе страдаат. Тоа семејство имаше еден вреден предмет, но беше украден. Уништувајќи го, им го тргнав гревот. И не, јас не ги мавав светците, ги мавав ѓаволите кои над нив оро играа, радувајќи се што црквата е срушена“.

Можеби сега ти е појасно зошто не ја разбираш секоја Божја одлука и зошто не треба да ја преиспитуваш. На луѓето не им е дадено се да знаат и да видат со божјите очи, објаснил анѓелот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img