Регтистраните верски заедници на средба со Сотировски

Date:

Share post:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан  Сотировски имал средба со претставници на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи.

На средбата во Клубот на пратеници било  разговарано за идната соработка како и за сите потешкотии со кои се соочуваат недоминантните верски заедници во државата, како и за компаративните искуства во Европа и светот.

-Директорот Сотировски истакна дека во современи услови, човекот е исправен пред различни предизвици кои често го уништуваат неговиот вредносен систем, што се одразува и врз сите општествени текови; токму затоа, сите цркви, верски заедници и религиозни групи играат подеднакво важна улога во духовна, но и во етичка смисла. Државата мора да ги гарантира неприкосновените човекови права на убедување и припадност на секој еден граѓанин, кој пак има право на слободен избор на вероисповест и заедница, стои во соопштението од КОВЗРГ.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img