Длабоко сме огорчени од нашите архиереи кои пред рускиот патријарх Кирил не го покренаа прашањето за статусот на Македонската православна црква, се вели во отвореното писмо кое бугарските интелектуалци и академици го упатија на адреса на БПЦ.
Меѓу потписниците на ова писмо е и поранешниот Претседател на бугарската академија на науки Стефан Воденичаров.
Тој за Сител вели дека бугарската православна црква треба да го исполни своето ветување кон МПЦ и активно, а не само декларативно да се заложи за признавање на нејзината автокефалност пред црковните авторитети, пишува Сител.
Бугарските академици се вознемирени и од неодамнешната изјава на рускиот митрополит Иларион Волоколамски дека проблемот со МПЦ треба да се решава преку дијалог со Српската црква, ние имаме сосема поинаква позиција велат тие.
Во писмото се изразува и огорченост поради фактот дека прашањето на статусот на МПЦ не било покренато ниту пред вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на посетата на бугарската црковна делегација на Истанбул во февруари
Академиците и интелектуалците и лани во ноември упатија писмо до БПЦ во кое бараа бугарската црква да ја признае автокефалноста на МПЦ. Погледнете го прилогот на Сител ТВ.

