Полскиот претседател им се извини на Евреите

Date:

Share post:

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, им се извини на Евреите што се протерани од земјата пред 50 години за време на антисемитската кампања на комунистичкиот режим.

„Слободната и независна Полска денес, мојата генерација, не носи одговорност и не треба да се извинува, но на оние што беа протерани тогаш би сакал да им кажам – ве молиме, простете им на Републиката и на Полјаците од она време поради извршувањето таков срамен чин“, изјави Дуда.

Неговото извинување следува како резултат на зголемената тензија меѓу Полска и Израел по новиот контроверзен закон за холокаустот на кој еврејската држава гледа како обид на Варшава да негира дека меѓу учесниците во геноцидот врз Евреите за време на Втората светска војна имало и Полјаци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img