Јосиф Кумановски прв му честиташе на новиот директор на комисијата за односи со верските заедници

Date:

Share post:

Митрополитот Кумановско-осоговски, г. Јосиф испратил честиткa за изборот на Даријан Сотировски за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Во честитката Митрополитот Јосиф пишува дека очекува добра соработка со новиот директор на КОВЗ, кој доаѓа на оваа одговорна функција.

-Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ од свештената Кумановско-осоговска епархија, но и во мое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и да Ви посакам успех во извршувањето на оваа одговорна функција. Нека Бог ја благослови Вашата работа за доброто на сите граѓани на нашата држава, и нека го просветли Вашиот ум за храбро да ги сведочите високите евангелски идеали. Вам и на Вашите соработници Ви посакувам добро здравје и Божја помош во работните потфати што Ви претстојат, стои во честитката од митрополитот Јосиф.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img