Папа Франциск: Грев е доколку стравот предизвикува одбивност кон мигрантите

Date:

Share post:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, вчера изјави дека стравот од мигрантите е разбирлив, но дека претставува грев доколку тој предизвика одбивност и непријателство кон мигрантите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Папата, на посебната миса што се одржа во базиликата на Свети Петар, говореше за мигрантите, бегалците, барателите на азил, новодојдените, како и оние мигранти од втората генерација.

Зборувајќи за стравувањето на одредени заедници дека доаѓањето на мигрантите би можело да го наруши воспоставениот ред, папата кажа дека тоа од човечка гледна точка е разбирливо, но дека е грев ако овој страв ги компромитира почитувањето и великодушноста, непријателството и отфрлањето на различните“.

Папата ја испрати оваа порака во период кога неколку земји членки на Европската Унија (ЕУ) и САД планираат да наметнат физички и правни препреки за доаѓањето на мигрантите.

/А.А

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img