Борисов и Ердоган ја отворија црквата „Свети Стефан“ во Истанбул

Date:

Share post:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, вчера ја отворија православната црква „Свети Стефан“ во Итанбул, по седум години реставрација.

Ердоган рекол дека црквата стара 120 години претставува единствен пример на црква изградена од железо. Оваа црква во форма на крст е изградена на брегот на истанбулскиот Златен рог во 1898 година со 500 тони ковано железо од Австрија. Реставрацијата која почнала во 2011 година чинела 2,9 милиони евра.

Ердоган рекол дека црквата претставува еден од најновите примери на напорите на Турција да ги обнови црквите, капелите и синагогите.

Борисов рекол дека Бугарија ќе работи на нормализација и унапредување на односите меѓу ЕУ и Турција со оглед на тоа што Бугарија го презеде претседателството со Унијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img