Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен вечерва пред палењето на коледарските огнови, уште еднаш ги потсети верниците зошто треба да се откажат од практиката на пагански чествувања на Бадник.
-Велите убаво било да се собираме со песни, ора и колбаси на огновите, оти тоа било традиција, а лошо било тоа што свештениците нема да ги благословуваат огновите и се мешале во верата. И нормално нема да послушаат најпобожните и пак ќе запалат огнови и ќе викнат некоја песна. И така пак формата ќе ја изгори суштината. И сите среќно ќе си живееме.
Среќни празници, напиша Отец Пимен на Фејсбук.

