Архиепископот г.г. Стефан минатата недела имал средба со министерката за образование и наука, Рената Дескоска Тренеска.
Средбата била во македонската Архиепископија. Веста ја објави Скопската Епархија, но нема детали за што разговарале.
Покрај Архиепископот од страна на МПЦ-ОА на средбата биле и епископот Хераклејски Климент, презвитер Бобан Митевски и деканот на Богословскиот Факултет, Ѓоко Ѓоргевски.

