КОВЗ: Македонија е голем светилник во европското духовно семејство

Date:

Share post:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка по повод пазникот Свети Климент Охридски до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, како и до сите православни верници во земјата и во странство.

– Големото дело на свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилицата, кое и денес го празнува Македонската православна црква, сведочи за огромниот влог во писменоста и духовноста што овој епископ ги даде на многу народи ширум светот. Затоа, со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува Свети Кли­мент, да упатиме една силна порака за почитта, доброто и разбирањето помеѓу сите народи, истакнувајќи дека Македонија е голем светилник во големото европско духовно семејство, стои во честитката.

Во неа од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни посакуваат добро здравје, мир и спокоен живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img