Уште една група од дечиња помина низ дружбата со монасите и монахињите од Бигорската обител во рамки на летниот камп по веронаука. Ова беше третата група за ова лето, која неколку денови се дружеше со монасите и монахињите од Бигорски и Рајчица.
Дечињата кои ги посетуваат овие летни кампови по веронаука, освен што добиваат основни знаења за православната вера, тие активно учествувата во сите активности на монашкото братство и сестринство. Дечињата заедно подготвуваат храна за монасите, учествувата во активности околу уредуваење на манаситирската околина, како и учат вештини во цртање. Исто така тие учествуваат и на литугиите што се одржувата во манастирите.
-Секое знаење го збогатува човекот, но знаењето за Бога особено ја весели душата човечка. Можеби токму затоа децата се најмногу радосни кога учат за Бога и Неговата неискажлива љубов кон нив. Тоа го потврди и оваа група на млади учесници на летниот камп од Скопје и од други градови на нашата земја, кои во изминатите денови другаруваа со браќата и сестрите од нашите два манастири, заедно со нив учеа, ги упатуваа своите чисти молитви на заедничките богослужби во храмот, пожртвувано учествуваа во манастирските послушанија, трудејќи се во секој поглед да Му ја покажат на Бога својата искрена љубов и верност, велат од Бигорски.


















