Си-Ен-Ен: Трамп молчи за терористичките напади врз муслиманите

Date:

Share post:

Силно одекна молкот на американскиот претседател Доналд Трамп по нападот врз муслиманите во Лондон, објави денеска Си-Ен-Ен во уредничкиот коментар.

Си-Ен-Ен наведува дека Трамп молчел и по претходните исламофобски терористички напади, како што беа во Квебек или во Портланд, каде муслиманите беа цел на крвави напади.

– А, претседателот Трамп? Тој нема ништо да каже. Да беше напад што го извеле муслимани, тој одлучно ќе коментираше на Твитер, без оглед на времето и би користел страшно насилство за да ја оправда својата политика. Но, кога муслиманите се жртви на насилство, посебно теористи кои имаат расистички ставови, ако веќе не се неонацисти, Трамп тоа ладно ќе го прескокне, истакнува Си-Ен-Ен.

Иванка, ќерката на Трамп на Твитер изрази жалење, а американската мрежа оценува дека тоа морал да го направи и претседателот на САД.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img