Девет дрвени колци со делови од мртви свињи биле поставени на земјиште на кое е планирана изградба на џамија, соопшти германската полиција.
Колците биле високи метар и пол, а на нив биле свинска глава, свински нозе и црева, јавува Асошиејтед прес.
Инцидентот се случил во градот Ерфурт, а полицијата соопшти дека извршителите се непознати.
За изградбата на џамијата Ахмадија веќе се одржувале протести, а на еден од нив на соседното земјиште бил подигнат голем крст.
Портпаролот на исламската заедница во Ерфурт, Мохамед Сулејман Малик, изјави дека е многу тажно што луѓето се спуштаат на тоа ниво.
/МКД.МК

