Папата ја осуди експлоатацијата на работниците

Date:

Share post:

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск ги осуди оние кои ги експлоатираат нивните работници во глобализацијата на светската економија и го истакна значението на трудот, кој на луѓето им дава чувство на достоинство.

За време на посетата на фабриката за челик во Џенова, Папата на собраните работници им зборуваше за разликата меѓу добрите работодавци и шпекулантите кои кои не се вознемируваат кога отпуштаат работници во потрага за профит.

Околу 3.500 работници облечени во работнички одела и со заштитни кациги на главите, се собраа за да го слушаат говорот на папата.

Папата исто така ги осуди оние кои тврдат дека работниците ги вршат своите обврски само поради пари, коментирајќи дека таа претпоставка го „негира достоинството на работата“.

/МАКФАКС

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img