Над 600 литри алкохол запленети од манастири на бугарската црква

Date:

Share post:

Бугарската царина запленила 600 литри ракија од два манастир на Бугарската православна црква. При контрола на Бачковскиот манастир, царинските службеници откриле 360 шишиња од по 0,75 литри без бандероли и 400 литри ракија без докази за потекло. Од Тројанскиот манастир пак биле запленети малку повеќе од 360 шишиња.

alkohol 2Од Бачковскиот манастир велат дека алкохолот бил донација од мирјани на светата  Обител. Манастирите во Бугарија можат да произведуваат алкохол за сопствени потреби, како и за продажба. Од тоа егзистираат голем дел од манастирските братства и сестринства, но произведениот алкохол мора да има бандероли. Алкохолот без бандероли, или се одзема или манастирот треба да плати акциза.

-Тоа е одредба на царината, Кај нас има констатиран алкохол, кој е произведен низ годините. Тоа е колекција на манастирот направена со години, изјавил за „добротољубие“, Епископот Сиониј.

Според игуменот на тројански манастир запленетите шишиња се во различни видови и форми и се од времето на неговите претходници. Од царината понудиле манастирот да плати лиценцата и бандеролите и да ја задржи колекцијата од алкохол.

Од БПЦ негираат дека во нивните манастири се криеле алкохол, а ракијата која се продава е со бандероли.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img