Папата Франциск: Прво да видиме што ќе направи Трамп, па потоа проценка

Date:

Share post:

Папата Франциск изјави дека ќе почека да види како работи новиот американски претседател пред да формулира мислење за него.

papata-franciskoВо интервју за шпански „Паис“ тој вели дека не сака да суди прерано за луѓето.

– Мора да почекаме. Ќе видиме како ќе се однесува и што ќе преземе и потоа ќе донесеме мислење за него, смета тој.

Запрашан за коментар појава на популистички лидери во САД и Европа, папата предупредува на потрага за спасители во кризни времиња.

– Во кризни времиња луѓето бараат спасители кои ќе вратат идентитет….Кризите предизвикуваат страв, а мислам дека најдобар пример за тоа е Германија во 1933 година. Луѓето кои биле во криза барале идентитет се додека не се појавил харизматичниот лидер (Хитлер) и вети дека ќе им го врати идентитетот. Сите знаеме што потоа се случи, изјави папата Франциск.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img