Павел Давидоски го фати крстот во Гостивар

Date:

Share post:

Дваесет годишниот Павел Давидоски од Гостивар денеска беше најсреќниот меѓу триесетината гостиварци кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на Богојавление Водици. На подарок од свешетнството од епархијата и организаторите на манифестацијата, доби крст и посребрена икона.

vodici gostivar– Мојот трет обид се покажа како среќен и благодарена сум на Бога што ми даде сила прв да дојдам до крстот. Среќа, љубов и здравје им посакувам на сите христијани, рече Давидоски по врачувањето на подароците, на малиот мост на Вардар.

Прославата на Водици почна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“, а потоа верниците се приклучија на литијата која по богослужбата, тргна по градските улици до кејот на Вардар. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф го изврши чинот на осветување и го положи светиот крст во реката.

Богојавление во Гостивар се слави со положување на крстот во реката Вардар третпат, откако беше вознобновена традицијата по повеќе од седум децении пауза.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img