Лазо Кутуровиќ шести пат најсреќен за Водици во Струмица

Date:

Share post:

Лазо Кутуровиќ беше најсреќниот меѓу десетте верници кои скокнаа по светиот крст во водите на градскиот базен Аквариус.

vodici strumica 1– Се фрлам од 1998 година. Тоа го правам за здравје. Господ ми дава среќа и еве повеќепати стигнувам прв до крстот кој ми го чува здравјето. Ќе учествувам секоја година се дури можам, вели Куртовиќ.

На церемонијата учествуваа голем број граѓани, претставници на локалната власт, политички партии, граѓански здруженија.

Општина Струмица и заменик-градоначалникот Коста Костадинов на Куртовиќ му подарија реплика на најстариот крст најден во струмичкиот регион. Компаниите „ЗЕГИН“ и „АЛМАКС“ му подарија телевизор, оптика „Сфера“ рачен часовник, а златарница „Златко“ ланче со златен крст.

Во Струмица централната манифестација се одржа во црквата Св. Кирил и Методиј.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img