
На празникот посветен на Обрезанието на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, Архиепископот г.г. Стефан отслужил света Василиева Литургија во црквата „Свети пророк Илија“ во скопската населба Аеродром, на која за свештеник беше ракоположен ѓаконот Гаврил Најдовски, а во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот теолог Мартин Ѓуревски.



