Тројца уапсени во гнездото на европските џихадисти во Брисел

Date:

Share post:

Белгиската полиција уапси три лица за време на акцијата во населбата „Моленбек” во Брисел. Тие ќе бидат сослушани, соопштија од обвинителството. Операцијата, во која беа блокирани цели делови од белгиската престолнина, е антитерористичка, пријави RT.

policeТаа беше спроведена на барање на обвинителството во земјата. Претресени се неколку куќи во соседството, а  областа околу нив беше блокирана. Во операцијата за помош на локалната полиција се вклучија тешкоооружени специјалци со оклопни возила. Имало прелети и  на хеликоптери.

„Моленбек” има репутација на гнездо  на терористите во Европа и се поврзува најмногу со нападите во Париз во 2015 година. Тројца од извршителите се родени и израснале таму. Салах Абдеслам, единствениот преживеан од нападите во Париз во ноември 2015, за кого се смета дека ја  играл централна улога во нивната организација, беше уапсен во пролетта 2016 година во „Моленбек”, недалеку од местото каде што се одржа синоќешната акција.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img