Остра реакција на Македонскo друштво “Илинден”-Tирана на скандалозната изјава на Српскиот патријарх Иринеј, кој во интервју за телевизискиот канал на СПЦ, ТВ. ХРАМ, Македонците од областа Гора на Косово, ги прогласи за одродени Србои.
Македонците од Албанија го сметаат овој став на Иринеј за скандалозен посочувајќи дека во областа Гора не постои српско малцинство.
Во областа Гора има македонско малцинство, македонскo друштво “Илинден”-Tирана го потсетува српскиот патријарх дека горанскиот говор е македонски јазик. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана бара од српскиот Патријарх Иринеј во иднина да не ги нарекува Македонците во областа Гора како Срби без основа и без никакви аргументи, стои во соопштението на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, потпишана од Претседателот Никола Ѓурѓај.

