Снегот кој паднал на Света Гора за време на Божиќ е нешто што ретко се случува во овој дел од Грција, пренесува ТВ Храм.
Монасите, пак, велат дека не се сеќаваат дека на овој полуостров паднало толку снег во последните десет години.
Врнежите треле неприкинато три дена, а висината на снежната покривка на некои места достигнала и до метар и половина.
Поради обилните врнежи, патиштата се завеани, снабнувањето е отежнато, а некои монаси не можат воопшто да излезат од своите ќелии.
Манастирите во главно се загреват со дрва или со нафта, а снабдувањето на електрична енергија се спроведува од манастирските агрегати.
Од фотографиите се гледа дека манастирите Хиландар, Атос и Дохијар се покриени со снег, што навистина изгледа магично.



