Романската Православна Црква ја прогласи 2017, како година на жртвите од комунизмот. Одлуката на Романската патријаршија оваа година да и биде посветена на заштитниците на Православието за време на комунизмот е донесена во рамки на јубилејното одбележување како година на сите свети икони, фрески како и година на Патријархот Јустинијан.
Оваа одлика Патријархот Данаил, ја објави по светата литургија на 1 Јануари од патријаршискиот храм, Свети Константин и Елена во Букурешт.
Ова е дел од веќе востановената традиција, Романската цркав секоја година да и ја посветува на некој значаен историски настан или на некоја важна богословска тема. За целиот јубилеј РП предвидела и програма со многу настани кои ќе се случуваат во оваа 2017 година.
Меѓу позначајните настани е голема конференција на која ќе се зборува за делото на Патријархот Јустинијан, како и за заштитниците на Православието во ерата на Комунизмот и на жртвите од тој режим.
Јустинијан Марина како трет Патријарх на Романската црква, е една од жртвите на комунизмот иако, тој е и творец на платформата за соработка на Романската Православна Црква со романските комунистички власти.

