Неколку илјади лица денеска го почнаа маршот од Берлин до Сирија, апелирајќи на тој начин на завршување на борбите во оваа земја.
Маршот за Алепо, во кој учесниците носеа бели знамиња, почна од некогашниот берлински аеродром Темпелхоф.
Организаторите планираат учесниците секој ден да минуваат 20 километри и за околу три месеци да пропешачат од Германија, преку Чешка, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Грција и Турција да стигнат до Сирија.
Учесниците се надеваат дека ќе стигнат барем до границата меѓу Турција и Сирија и доколку тоа биде можно и да влезат во Алепо, кој до неодамна беше арена на жестоки борби.

