Верски календар: 02 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Благословен Иван Рајсбрек.
Бил роден во 1293 година, во Фландрија, во местото Рајсбрек кај Брисел. Господ го надарил со големи способности и со желба за знаење. Ја сакал филозофијата и теологијата. Станал свештеник, а потоа и поглавар на својата заедница. Како поглавар, бил пример на понизност на покорност, извршувајќи ги во манастирот и “најниските” работи. Луѓето доаѓале кај него на духовни разговори и за совети. Рајсбрек се вбројува меѓу поетите мистици. Не се плашел од смртта, туку со радост и копнеж, и одел во пресрет.

