Верски календар: 15 Ноември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Алберт Велики.
Роден е во Германија во тринаесеттиот век. Бил калуѓер, доминиканец и многу побожен и учен. Како професор предавал на многу универзитети меѓу кои и на прочуениот универзитет во Париз. Поради занимливостите во неговите предавања, морал да предава на плоштадот Мауберт, кој го носи неговото име, од латинските зборови Магнус Алберт. Негов ученик бил и познатиот Свети Тома Аквински, еден од најголемите теолози. Му се молат студентите.

