Селце во гостиварско ќе добие нова Џамија

Date:

Share post:

Исламската верска заедница стави камен-темелник на реконструкција на старата џамија во гостиварско Селце. Почетокот на изградбата на новиот верски објект го поздравиле локалните жители, а присуствувале и голем број имами од гостиварското муфтиство, Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, како и претставници на Ријасетот на ИВЗ.

Муфтијата на Гостивар, Шакир Фетаху, одговорен за верскиот живот на Муслиманите во Гостивар, потенцирал дека поставувањето на камен-темелникот на џамијата е реализација на долгогодишната желба на локалните жители.

Реконструкцијата на џамијата е површина од 235 метри квадратни, со дозвола од општината Маврово и Ростуше.

ГАЛЕРИЈА:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img