Денеска почнува четврта светска меѓуверска конференција во Битола

Date:

Share post:

Четвртата по ред светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог почнува денеска во Битола, во рамки на Глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за помирување на културите.

Ќе учествуваат повеќе од 150 претставници од сите светски религии, невладини организации, професори и експерти од целиот свет.

Централна тема на конференцијата годинава е „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“, а пот теми се „Семејството – извор и простор за градење и чување на достоинството на човекот и место за раст во верата“ и „Употребата и злоупотребата на современите начини за електронска комуникација и на социјалните мрежи (религиски поглед)“.

logoНа отворањето на конференцијата ќе зборува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, г. Петар, бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско- методистичката црква за Македонија, Вилфред Науснер и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи Форум на катедрите на УНЕСКО од Југоисточна Европа насловен „Погледите на Катедрите на УНЕСКО од ЈИЕ кон миграциите, бегалските кризи и тероризмот како предизвици за интеркултурниот и меѓурелигискиот дијалог”.

Со посебни активности, беседа на г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и новозеландски, ќе биде одбележан и јубилејот „1100 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител Св. Климент Охридски“, а ќе биде отворена и изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“, која беше претставена и во Рим, по повод одбележувањето на канонизацијата на Мајка Тереза.

Ќе биде промовирана и публикацијата од Третата светска верска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која се одржа во Скопје, во 2013 година, која ќе им биде подарена на гостите, а во која се содржани обраќањата на еминетните светски верски лидери, државници и професори кои учествуваа на конференцијата.

Конференцијата ќе заврши со избор на Меѓународен организациски комитет за Петтата светска конференција и со заедничко усвојување Нацрт-декларација.

/МИА

2 COMMENTS

  1. Не постои Евангелско-методистичка црква, таа може да се именува како заедница на евангелско-методистички членови. Ова беше и еден од клучните проблеми на Критскиот т.н. “Вселенски Собор”. Постои само една Црква, како што е во Символот на верата “Верувам во Едната Света Соборна и Апостолска Црква”, сето друго спаѓа во заедници. Му се допаѓало ова некому или не тоа е негов проблем, но ова е вистината за која се бореа Светите Отци, и од тоа нема отстапување и компромис.

  2. Ova mi lici na ona –mi se sobrale, mi se nabrale onie sto sekoj sviri vo svoja sviralka. Jaden li mi e toj svet ako go ovie obedinat. Pa ovie se rasturacite na svetot, kakvo crno seodinuvanje i razbiranje. No, za zal, takov sobir moze da se sobere samo vo Makedonija, a koj ima fajde od toa–pitaj boga.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img