Верски календар: 15 Октомври
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Терезија Авилска.
Родена во Авил, во Шпанија, во 1515 година. Одлуката да стане калуѓерка ја донела сосема слободно и промислено. Душата на Терезија била гладна за знаење. Постојано барала нови книги. Таа била вистински мајстор за развеселување на луѓето, што како особина ќе ја следи низ целиот живот. Кога одлучила да пристапи во редот на кармеличанките, тоа било големо изненадување за сите кои ја познавале. Таа отишла во манастир поради желбата да ја спаси душата. Бидејќи Терезија била промислена и решителна жена, кога еднаш се решила да биде калуѓерка, тогаш тоа го прифатила многу сериозно. Умрела во 1582 година. Книгите што ги пишувала биле полни со најдлабоки и највозвишени науки. Калуѓерките и калуѓерите и целиот христијански род и се молат да живеат свет живот.

