Католичката Црква чека одговор за имотот во Паљурци

Date:

Share post:

Католичката црква во Македонија повторно го актуелизира прашањето со денационализацијата на имотот во Паљурци. Верниците на оваа црква во саботата, по Молебенот до Пресвета Богородица, што во Паљурци го предводел Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија испратила апел за решавање на ова прашање.

-Ние младите, заедно со нашиот епископ Н.В.П. д-р Киро Стојанов, нашите свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, сестрите монахињи – денес, го упатуваме повикот Паљурци, да се врати на вистинскиот сопственик, односно на Католичката црква во Македонија, за да може да си го заземе местото кое по Божја волја му било дадено,  духовен центар, поклоничко место со свое светилиште кое тука било основано во чест на Пресвета Дева Марија – утешителка и како месност каде во Христово име престојувал Апостол Павле, стои во апелот на Католичката црква.

paljurciНерешениот проблем со денационализацијата беше и причината што Манастирот и верскиот кампус посветени на свети апостол Павле во ова село, во спомен на неговото доаѓање во Македонија, се уште се далеку од градба.

Kатоличката црква во Македонија речиси десет години се обидува да докаже дека големата земјишна парцела треба да и биде вратена во нејзина сопственост. Иако првостепената комисија за денационализација првично донела позитивна одлука со која на Kатоличката црква треба да и се врати ова земјиште со површина од околу девет милиони квадрати, таа одлука потоа е обжалена од гевгелиското Државно правобранителство. Потоа, со одлука на Вишиот управен суд предметот е вратен на повторно постапување. Во меѓувреме, парцелата се користи за други намени иако планот е тука да се подигне значаен центар во спомен на овој следбеник на Исус Христос, кој го проширил христијанството во Македонија.

Поврзаноста на Паљурци со апостолот Павле, како едно од местата што тој ги посетил на своето патување, во 2009 година го актуализира и шефот на државата Ѓорге Иванов на средбата со тогашниот папа Бенедикт 16 во Ватикан. Во таа пригода Иванов рекол дека на местото каде што апостолот Павле бил во Македонија во 59 година, векови подоцна бил изграден католички манастир, а во него се криеле македонските револуционери. За ова благодарност испратил и идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во писма до пловдивскиот бискуп.

1 COMMENT

  1. Се надевам дека Митрополијата Повардарска нема да дозволи прозелитите од римпапската ерес да се шират и освојуваат територии како што прават во Струмичката!
    Дедо Агатангеле, народот е со Тебе! Не попуштај!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img