Папата именува двајца придружници за Кардиналот Пуљиќ кој во недела ќе служи миса на плоштадот Македонија

Date:

Share post:

Папата Франциск именувал двајца свештеници за придружници на Папскиот делегат кардиналот Винко Пуљиќ, кој ќе присуствува и ќе јас отслужи светата миса на Градскиот плоштад во недела на 11 септември, во рамки на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“, објави порталот „Католици.мк“

donСтанува збор за дон Давор Топиќ, парох во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје и Декан на свештенството во Скопска бискупија и отец Зоран И. Стојанов, парох во парохијата Свети пророк Илија во Радово и Декан на свештенството во Апостолскиот егзархат во Македонија.

Свечената миса на плоштадот Македонија во недела ќе почне во 10.00 часот, а покрај Папскиот делегат ќе служи и Скопскиот Бискуп Киро Стојанов и повеќе епископи од регионот.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img