Католичката црква во Скопје и Хрватската амбасада во Македонија организираат концерт на Клапа „Свети Јурај“ при хрватската воена морнарица, како дел од програмата за деновите на „Света Мајка Тереза“ во Македонија.
Концерт ќе биде одржан во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје утре на 9 Септември со почеток од 20 часот.
Покровител е претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.

