Сами Јусуф пред илјадници фанови настапи во Скопје

Date:

Share post:

Во присуство на илјадници фанови познатиот иведувач на исламската духовна музика, Сами Јусуф, вечерва го одржа својот концерт во арената „Филип II” во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

AA 4На самиот почеток на концертот, британскиот кантавтор по потекло од Азербејџан, им се заблагодари на сите присутни кои дојдоа да го испочитуваат и да ги слушнат неговите песни истакнувајќи дека му претставува особена чест и задоволство да настапува пред публиката во Македонија. Обраќајќи се кон публиката Сами Јусуф рече дека Балканот претставува место во кое живеат луѓе од различни етнички и верски припадности, како и дека тој самиот е личност која е родена на Истокот, а израсната на Западот.

AA 3Концертот пред скопската публика познатиот изведувач на духовната музика го започна со песната „Мухамед” (Muhammad), а заедно со него во еден глас пееше и пбуликата.

За време на концертот овој истакнат пејач, ги изведе постарите песни, но и песните од неговиот најнов албум „Бараках“ (Бериќет).

AA 2Младата Нурај Хусеин е една од многубројните фанови на Сами Јусуф. Во разговор за АА таа вели дека го прекинала својот одмор во странство и се вратила само да биде вечерва на концертот.

„Јас сум негов голем фан, многу сум возбудена што сум тука. Кога слушнав Сами Јусуф дојде во Скопје, си реков на себеси дека нема шанси да го пропуштам неговиот настап во Скопје”, рече Нурај.

AA 5Со своето семејство на концерт дојде и Енедин Бишевац од Скопје, кој вели дека многу го почитува Сами Јусуф како музичар, додавајќи дека неговите песни ја покажуваат состојбата муслиманите во светот и праќаат порака на заедништво и љубов.

„Дојдов со моето семејство. Ние сме големи фанови на Сами Јусуф. Чувстовото е позитивно и очекуваме добар концерт. Всушност, Сами Јусуф е личност која со години наназад има добри песни. Секоја негова песна има порака и ја покажува моменталната состојба на муслиманите во светот”, истакна Бишевац.

AA 1Своите песни пред скопската публика Сами Јусуф ги пееше на англиски, турски и арапски јазик.

/АА

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img