Вселенскиот Патријарх Вартоломеј следниот викенд ќе отпатува во посета на Хрватска и заедно со Српскиот Патријарх Иринеј ќе отслужи света литургија за 75 годишнината од страдањата во логорот во Јасеновац. Покрај него, на одбележувањето на овој настан ќе присуствуваат и претставници на Руската, Романската и Полската православна црква.
Српската православна црква посетата на Хрватска ја оценува како историски значајна за православните Срби кои живеат во Хрватска.
Истовремено Вартоломеј ќе учествува и на научната конференција во организација на српската православна гимназија во Хрватска, а на која ќе се зборува на тема за новомачениците во православниот свет.


Ова е наградата од Вартоломеј за српскиот патријарх оти не го откажа учеството на “Сеправославниот Собор” на Крит