Верски календар: 16 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Рок.
Бил роден во 1295 година, во Монтпелиере во Франција. По смртта на неговите родители, тој го продал имотот, парите им ги поделил на сиромашните и заминал за Рим. На патот за Рим застанал во Аквапенденте каде владеела чума. Им помагал на болните луѓе и се заразил од болеста. На чудесен начин оздравел и продолжил по патот за Рим. На свети Рок му се молат луѓето кои се заболени од разни болести.

