Претставници на МОЦО „Св Архангел Михаил“ од Лондон денеска посетиле неколку од најпогодените семејства во Стајковци и населбата Ченто каде по консултација и желба на самите семејства им биле донирани основни апарати за домаќинството како што се машини за перење алишта, електрични шпорети и фрижидери.
Засега донација е доставена до 8 најтешко погодени семејства, но како што најавуваат акцијата за собирање средства продолжува со надеж дека наскоро повторно ќе бидат во можност да им помогнат и на други кои имаат потреба од помош во овие тешки мигови.






