НБРМ издаде монета во чест на канонизацијата на Мајка Тереза

Date:

Share post:

Народната банка на Македонија издаде монета со ликот на Мајка Тереза во чест на нејзината канонизација за светица. Монетата изработена од сребро со номинална вредност од 100 денари е дел од колекцијата на ковани пари на НБРМ.

majka tereza moneta 1На аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах.

На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“, годините на раѓање и смртта на Мајка Тереза и „2016“годината на нејзината канонизација.

majka tereza monetaИсто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.

Цената на оваа колекциска монета е 3500 денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img