Католиците ја слават „Голема Богородица“

Date:

Share post:

Католиците денеска, според грегоријанскиот календар ја слават Голема Богородица. Утрово во црквата на Бит Пазар света мисла служел жупникот Дон Давор Топиќ. Во чест на Света Богородица и вечерва била служена миса.

mala bogorodicaПразникот на Света Богородица се слави како ден кога Света Богородица оживеала по нејзината смрт, а телото нејзино станало духовно како Исусовото тело по воскреснувањето и со душата и телото заминала на небото, т.е. во рајот, каде примила награда поради тоа што на земјата додека живеела нејзината душа била чиста бидејќи не направила ниту еден грев.

Според црквеното учење, кога света Богородица на небото ќе го моли Господ за нас, тој никогаш не ја одбива нејзината молитва. Затоа верниците се молат пред нејзините кипови и икони.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img