Управата на Фестивалот „Охридско лето“ соопшти дека се презакажува концертот на Македонската филхармонија што требаше да се одржи на Античкиот театар во рамки на Свечената академија на МАНУ по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
Во соопштението од „Охридско лето“ се наведува дека поради трагичните настани со човечки жртви во невремето што го зафати скопскиот регион и прогласениот Ден на жалост, концертот е презакажан за утре (9 август) во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 13:00 часот.
Истовремено Националната установа Фестивал „Охридско лето“ изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите.
/МИА

