Ципрас предложи- Грција да биде секуларна, Црквата шокирана

Date:

Share post:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги предложи промени на Уставот со кои главната цел која сака да ја постигне е воведување „директна демократија“, на тој начин што граѓаните шеф на државата ќе го избираат на избори и ќе ги потврдуваат законите на рефередуми.

Втората пак клучна цел што овие промени на Уставот треба да ја постигнат е целосна секуларизација на Грција. Ципрас вели дека Грција мора да биде секуларна држава иако православието е мнозинска вера во таа земја. Овој процес пак ќе значи тектонско поместување на грчката држава, ако се земе предвид нејзината тесна врска со Црквата.

Грчката православна црква сега практично е државна црква. Претседателот на Грција се избира во Парламентот, а сите избрани функционери положуваат заклетва пред раководството на Грчката православна црква. Оваа пракса ја напушти Ципрас и членовите на Владата од неговата партија, кои при изборот на учествуваа во овој ритуал, декларирајќи се како атеисти.

Serafim PirejaОдлуката за промена на грчкиот Устав веќе ги разбранува страстите во ГПЦ. Прв, како и вообичаено реагираше, Пирејскиот Митрополит Серафим, кој овој потег на Ципрас го оцени како процес на омаловажување, негирање и маргинализирање на Црквата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img