Верски календар: 22 Јули
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Света Марија Магдалена
Света Марија Магдалена, или Марија од Магдале, е жената која Исус Христос, според Светото Писмо, ја излечил од тешки болести. Почитувана е како верна Христова ученичка, која го следела и стоела под Крстот во последните часови од неговата смрт, за што зборуваат и евангелистите.
Таа прва го видела Воскреснатиот Христос, кој на првиот ден и се јавил нејзе. Таа ја јавила и првата вест за Воскресението Христово.
Во средниот век се сметало дела била голема грешница. Уметниците обично ја сликале како со солзи му ги мие нозете на Христос. За нејзиниот живот и судбина имало многу легенди

