Битка за „Света Софија“

Date:

Share post:

Битката за „Света Софија“ станува се пожестока, а многумина во Турција сметаат дека нема целосна независност за Турција се додека црквата не стан џамија, пишува угледната турска новнарка Пинар Тремблај за американскиот портал Ол монитор.

Поранешната црква, а сегашен музеј, е изградена во 527 г. како православна црква. Во царска џамија Турците ја претвориле во 1453 г. кога го освоиле Константинопол, денешен Истанбул. Но, откако е реновирана во 1931-35 г. за време на владеењето на новата секуларна Република Турција на Ататурк, „Света Софија“ станува музеј, а не престанува копнежот на турските конзервативци таа повторно да стане џамија.

erdogan 1Во последната деценија, со премолчена согласност од владата, исламистички групи и ултранационалисти во медиумите од време на време го нафрлуваат прашањето за „Света Софија“, организираат митинзи и потпишување петиции, а на проповедите ја повикуваат власта да се насочи на решавање на ова прашање. По тие акции, на 11 април 2015 година во „Света Софија“ за првпат по 85 години беше приредено читање на Куранот и тоа ден пред православниот Велигден, кој лани се поклопи со роденденот на пророкот Мухамед.

turcija 3Лани во ноември едно момче во неа изврши намаз (молитва), а тоа предизвика големо внимание кога фотографијата беше споделена на мрежите. Во декември, пак,  претседателот на Партијата за националистичка акција во парламентот официјално побара „Света Софија“ да се претвори во џамија, а секоја година на 29 мај се одржуваат во неа се поекстравагантни прослави за освојувањето на Константинопол.

И годинава илјадници верници на 28 мај се собраа пред „Света Софија“ и се молеа таа повторно да се користи како џамија. Активистите тврдат дека за ова барање собрале 15 милиони потписи, а кога неодамна германскиот парламент јаусвои резилуцијата за турскиот геноцид над Ерменците во 1915 година пратениците на турската владејачка партија повикаа како одговор на тоа да се дозволи „Света Софија“ повторно да биде џамија.

Mosaïques de l'entrée sud-ouest de Sainte-Sophie (Istanbul, Turquie)Најважниот чекот во претворањето на оваа црква во џамија беше преземен на 1 јуни кога беше најавено дека државната телевизија секој ден во текот на месецот на Рамадан ќе емитува читање на Куранот од „Света Софија“, а во таа емисија прв гостин беше Мехмет Гомез, шеф на турската Дирекција за верски прашања, кој под куполата на „Света Софија“ го објасни нејзиното значење за исламската осторија. Оваа одлука предизвика револт кај селуларните Турци и православните христијани. Грчкото Министерство за надворешни работи испрати остра реакција, на што турското Министерство за надворешни работи испрати исто толку остра реакција во Атина за тоа дека во Грција веќе нема ниту една џамија. Во меѓувреме Стејт департментот коментира дека Турција треба да ја напушти традицијата на „Света Софија“, а Германија наведе дека тоа е внатрешно прашање на земјата.

Aнонимен грчки дипломат за Ол монитор изјавил дека „во последните 5 години Турција во џамии претворила и други три цркви кои го носат името на св. Софија, а турската политика секогаш го користи тоа прашање како адут“.

Ангелос Сиригос, професор по меѓународно право и надворешна политика на Универзитетот во Атина, вели дека зад грчкиот реакции се крие страв дека „Света Софија“ навистина наскор ќе се претвори во џамија.

-Причина за таа промена ќе биде потребата на турскиот Претседател Ердоган да ја зголеми својата популарност, имајќи го предвид референдумот кој би требало во Турција да воведе претседателски систем, вели Сиригос.

turcija 2Од друга страна, Ридван Каја, новинар и Претседател на турската невладина организација Озгур-Дер смета дека Грците неправедно се бунат и дека црквата не ја извршува функцијата на православен храм ниту сега кога е музеј. Тој наведува дека повеќето конзервативни Турци сметаат дека претворањето на џамијата во музеј во триесеттите години на минатиот век било сигнал за деисламизација на земјата.

-„Света Софија“ е симбол на освојувањата на Османлиите, а на нејзиното претворање во музеј се гледа како на сузбивање на исламот, вели Каја.

Мурат Озер, претседател на НВО Имкандер и историчар на уметноста смета дека е „традиција освојувачите да освојат храм ид а го претворат во свој“.

-Речиси сите византиски цркви во Истанбул се претворени во џамии по освојувањето, а потоа султанот го поттикнал христијанското население да гради нови. Значи, сите постоечки грчки православни цркви во Истанбул се изградени по освојувањето. На новите владетели не им било дојдено до тоа да го уништат она што го затекнале, туку главна желба им било да им се покаже моќ на непријателите и угледот на царството, објаснува Озер. Многумина во Турција сметаат дека Турција на Ататурк била премногу нетрпелива да се вклопи во западната цивилизација, а други инсистираат дека западните сили го натерале Ататурк да ја претвори „Света Софија“ во музеј.

sveta sofija 4Во секој случај, многумина во Турција сметаат дека тоа е прашање на независност, и по нивно сфаќање, Турција нема целосно да биде независна се додека „Света Софија“ повторно не стане џамија.

Ол монитор цитира и муслимански интелектуалец кој сакал да остане анонимен.

-За прашањето за „Света Софија“ многу се пишува во последната деценија. Тоа се потхранување на сонот за османлиска обнова, како да ќе се појави сега некој како од турска серија и „Света Софија“ ќе ја претвори во џамија. На побожните муслимани им е непријатно да ја гледаат оваа опортунистичка пропаганда.

На крајот се поставува прашањето дали Ердоган може да го запре сево ова кога поголемиот дел од јавноста е убеден дека Турција не може да биде независна се додека „Света Софија“ не стане џамија.

/ ОЛ МОНИТОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img