Денеска е Свети Јустин Философ

Date:

Share post:

Верски календар: 14 јуни

МПЦ-ОА/ Св. Јустин философ и маченик.

justin filozofСвети Јустин се роди некаде во почетокот на вториот век по Христа, во градот Сихем, подоцна Наблуз, во денешен Израел. По потекло најверојатно беше грк. Тој во своите дела самиот дава податоци за својот живот, а посебно детално го опишува текот на својата интелектуална одисеја во Дијалогот со Трифон. Преминува во христијанството, задржувајќи ја тогата на философ. Го започнува определувањето на односот на христијанството кон философијата воопшто. Помина низ повеќе тогашни философски школи: стоичка, перипатетичка, платонска, но вистината ја најде во верата во Христа, Логосот. Самиот вели дека на неговата одлука посебно влијаело тоа што ја гледал чудната радост на мачениците кога тие умирале за Христа. Пострада маченички за време на римскиот император Марко Аврелиј во Рим.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img