Вселенската патријаршија и покрај се продолжува со Соборот

Date:

Share post:

krit sednicaВселенската патријаршија ги продолжува последните подготовки за одржување на Сеправославниот Собор, кој на Крит треба да почне на 16 јуни и покрај тоа што три Православни цркви го откажаа своето учество.

Денеска во Колимбари на Крит почна редовното заседание на Комисијата којашто има за цел да го подготви текстот на посланието на Сеправославниот Собор. 4

На состанокот се присутни Митрополитите на Вселенската Патријаршија, Ерусалимската Патријаршија и на некои од Автокефалните Цркви: Кипарската, Грчката, како и Албанската.

Нема податоци дали од останатите цркви има некои претставници, но сосема сигурно е дека нема од Бугарската православна црква.

Покрај протоколарниот дел од состанокот на подготвителната комисија, се очекува да разгледува и новосоздадената ситуација по откажувањето на БПЦ и Антиохиската Патријаршија и СПЦ да учествуваат на Соборот.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img