Почетна Вести Скандалозно: Иринеј Буловиќ ја нарече МПЦ „Скопска црква“
Скандалозно: Иринеј Буловиќ ја нарече МПЦ „Скопска црква“

Скандалозно: Иринеј Буловиќ ја нарече МПЦ „Скопска црква“

2.02K
3

Не престануваат навредите и омаловажувањата од Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, кон Македонската православна црква. Членот на комисијата за преговори со МПЦ, во интервју за белградска „Политика“ употребил куп навреди и говор на омраза кон МПЦ, а преку тоа директно го навредува и Македонскиот народ, кој е дел од Македонската православна црква.

Буловиќ освен што ја нарекува „расколничка“, овој пат за МПЦ го употребува терминот „Скопска Црква“, како што вели најсоодветен за користење, што пак е директно негирање на македонскиот идентитет и на црквата и на народот.

Дрскоста на Буловиќ во тоа интервју оди до таму, што му наредува на новинарот на „Политика“ , кој во прашањето  за МПЦ го употребува терминот, „канонска непризната црква“, да ја користи терминологијата, „расколници“ и „Скопска црква“.

Еве што одговорил Буловиќ, прашан за идните разговори на МПЦ со СПЦ.

-Иако сите прашања, коишто ги поставивте, откриваат дека подобро и подлабоко од повеќето Ваши колеги, ја познавате материјата со која се занимавате, забележувам дека користите без содржинска, безмалку оксиморонска синтагма „канонски непризната Црква“. Ви предлагам точни и поедноставни изрази: „непризната Црква“, „неканонска Црква’, „Црква во раскол“ или термин, којшто во случајот за кој станува збор, го користат елинските Цркви на Истокот-„Скопска Црква“. Вашето прашање, пак, ни овозможува заедно да и помогнеме на расколничката ерархија на Скопската Црква, своите тежнеења да ги сообрази со реалноста. Значи, ниту претстојниот, ниту било кој иден Собор нема да понуди таков статус на најширока автономија и целосна внатрешна црковна слобода и одговорност, како што е дефиниран со Нишката спогодба од 2002 година. Притоа, оние коишто се во раскол не можат да го превидат фактот, дека на тоа подрачје постои канонска автономна Црква, Охридската Архиепископија, којашто според одредбите на споменатата спогодба, живее и дејствува во единство со вселенското Православие, во единство без коешто апсолутно не постои благодатен црковен живот, изјавил Буловиќ за „Политика“

За иронијата на да биде поголема, тој заклучува дека Македонците требало да занаат дека љубовта на СПЦ кон нив не била секната и дека Српската православна црква, колку што од нејзе зависело, ќе продолжела да се труди, за да се залечела раната на расколот.

Коментар(3)

  1. https://youtu.be/HEfMmiBO5xc МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е БОГОЉУБИВ , КОЈ 2 ИЛЈАДИ ГОДИНИ на ХРИСТА МУ СЛУЖИ , па ПРЕНЕЛ ВЕРА на СЕВЕРЊАЦИВЕ , кои 30 % МОЖИ и ПОВЕЌЕ , БОГА го ПЦУЈАТ . Со КОЕ ПРАВО ТИЕ НАМ НИ ЗАБРАНУВАТ СВОЈА МАКЕДОНСКА ЦРКВА ДА ИМАМЕ ?

  2. cigan srpski rusite go zemaa hristijanstvoto od makedoncite srpska mnacija ne postoi vie ste makedonci
    bulovik e cigan srpski

  3. Ovoj covek e promasen verski slucaj. Ova negova izjava, a i vsekupnoto negovo deluvanje nema vrska so crkvata i crkvenite propisi, moralot i pravilata na hristijanskiot zivot. Toj e samo eksponent na fanariotizmot izrazen preku srpskite dodvorici i puleni za da bi imale pristap na Hilandar, Krf , Vido i Zejtinlik. Isto taka toj e i eksponent na velikosrpskata politika na propadnatiot dvor na Karadjordjevicite, koja sto ne e popularna i pomedju samite Srbi. Toj e praviot pretstavnik na onoj verski fanatizam, verskoto slepilo , verskiot daltonizam sa idninata na Hristijanstvoto kako nacin na zivot. Toj e se drugo, samo ne vladika i onoj sto treba da nosi ikona na SV,Bogorodica na gradi, a v srce bes, jad i cemer. Licno go poznavam

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *