Почетна Вести Стефан и Жерновски договорија соработка
Стефан и Жерновски договорија соработка

Стефан и Жерновски договорија соработка

1.56K
0

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски имал средба со поглаварот на Македонската православна црква архиепископот охридски и македонски Стефан. Средбата ја потврдија и од Општина Центар и од Кабинетот на Архиепископот Стефан, но без дополнителни детали за што е разговарано.

Според  Општина Центар на средбата во седиштето на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, била договорена соработка од заеднички интерес на МПЦ-ОА и општина Центар.

Средбата на Жерновски со Архиепископот, кој е и Митрополит на Скопската Епархија, сама по себе е интересна, особено што актуелниот градоначалник на Центар доаѓа од политичка опција која беше против изградбата на Црквата во центарот на градот. Во тој контекст беа и немилите инциденти пред општината по протестите кои ги поддржаа и свештеници од Скопската епархија.

Дали овие дилеми биле расчистени на средбата, нема детали.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *