Почетна Вести Поранешниот папа Јован Павле Втори бил „вљубен“ во мажена жена
Поранешниот папа Јован Павле Втори бил „вљубен“  во мажена жена

Поранешниот папа Јован Павле Втори бил „вљубен“ во мажена жена

418
0

Поранешниот папа, Јован Павле Втори имал „блиски односи“ со мажена жена, открива Би-Би-Си, повикувајќи се на „стотиците писма“ што ги разменувал папата со американскиот филозоф од полско потекло Ана-Тереза Тимјенецки.

Врската која започнала во седумдесетите години на 20 век, уште додека папата беше полски кардинал Карол Војтила,  траела повеќе од 30 години.

Според Би-Би-Си, чии новинари имале можност да ги видат писмата, што се чуваат во Националната библиотека на Полска, „врската“ со Тимјенецки открива малку познати детали од животот на првиот словенски папа.

Авторите на прилогот, што вечерва ќе се прикаже на британската телевизија, сепак,  инсистираат дека „нема никакви сознанија„ оти кардиналот Војтила, кој подоцна беше надбискупот од Краков и на крајот, папа  Јован Павле Втори, било кога го прекршил строгото правило на целибатот.

Врската што се објаснува како пријателска, започнала во 1973 година, кога Тимјенецки го контактирала Војтила, околу една филозофска книга што тој ја напишал.

Тогаш 50 годишната филозовка, отпатувала во Полска и прв пат се сретнала со кардиналот Војтила, по што двајцата почнала интензивно допишување.

На почетокот, писмата на Војтила биле формални, но како што се развивало пријателството, писмата се повеќе станувале многу поинтимни.

Кога Америкнаката била во посета кај Војтила, се среќавале во присуство на неговиот секретар, но многу често тие биле и сами.

Фотографиите од нивните средби покажуваат дека  честопати оделе на излети и прошетки низ природата, на скијање во текот на зимските одмори, па и на заедничко кампување.На една таква фотографија , се гледа Војтила облечен само во куси пантолани и маичка.

Подоцна кога полскиот надбискуп беше избран за папа, Ана-Тереза  го посетувала и во Ватикан.

Во едно свое писмо, Карол Војтила напишал дека таа е како„подарок од Господ„ но експертите од Националната библиотека во Варшава инсистираат дека станува збор за една „уникална врска“ и за топло пријателство.

Јован Павле Втори умре во 2005 година, по 27 години поминати како поглавар на католичката црква.Во 2014 година во Ватикан беше прогласен за светец.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *